Фото: З.А

Со положување на свежо цвеќе на спомен костурницата на Китиното кале каде е сместена криптата со коските на 555 борци од Кичево и регионот, кои ги положиле своите животи за времето на НОВ, одбележана е 81-годишнината од Народното востание.

На ова одбележување букети свежо цвеќе положија првите луѓе на Здружението на Сојузот на борците од Кичево, поголем број граѓани почитувачи на овој период, членови на Извидничкиот одред „Мирко Милески“ како и делегации од повеќето македонски политички партии од градот.

На присутните им се обрати претседателот на Здружението на Сојузот на борците Владо Дејаноски.

– Почитувани присутни, денес се навршуваат 81 година од почетокот на НОВ во Македонија. Овој ден секогаш ќе остане во трајна меморија на сите генерации како и на оние што допрва доаѓаат. 11 Октомври е еден од најсветлите датуми во поновата македонска историја, а жртвите кои тука почиваат се доказ како се брани и чува татковината – истакна претседателот Дејаноски.

З.А