Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регистарот на национални интернет домени на Србија (РНИДС) денеска потврди дека дел од давателите на интернет услуги во Србија се под хакерски напади.

Српски објавија дека е во тек DDoS напад на многу точки на интернет инфраструктурата во Србија, вклучително и на делови од мрежата кои се вклучени во работењето на доменот .RS, односно RNIDS.

Поради технички проблем со кој се соочуваат одредени даватели на интернет услуги во Србија, отежнат е и пристапот до системот за регистрирање национални домени, соопшти Регистарот на национални интернет домени на Србија.

Тие наведуваат дека одреден број корисници имаат тешкотии или бавен пристап до системот за регистрација на домени.

– Заедно со давателите на услуги кои беа нападнати, работиме на отстранување на проблемот и очекуваме решение во најкус можен рок. Повеќе информации за причината ќе бидат објавени откако ќе бидат познати деталите – соопшти РНИДС.