АТЛЕТИКА
Европското првенство (ЕП) во атлетика во 2028 година во Шлезија (Полска) ќе понуди рекорден награден фонд во вредност од околу три милиони фунти, пишува „Би-би-си“. Парични награди ќе добијат атлетичарите што ќе се пласираат меѓу првите осум во сите 50 дисциплини. Освојувачите на злато ќе добијат 30.000 евра, освојувачите на сребро и на бронза 15.000, односно 10.000 евра, а тие од четвртото до осмото место по 5.000, 4.000, 3.000, 2.000 и 1.000 евра, пишува „Би-би-си“.
Европската атлетика го реструктурира начинот на доделување на паричните награди, осигурувајќи дека атлетичарите што ќе се пласираат меѓу првите осум во секоја дисциплина ќе добијат финансиска награда. Наградниот фонд на претходното првенство, одржано во Бирмингем во август годинава, не вклучуваше стандардна исплата за секоја позиција што носи медал. Наместо тоа, вкупниот фонд од 500.000 евра беше поделен рамномерно меѓу 10-те најдобри резултати во десет категории, по пет за мажи и за жени, утврдени според табелите за бодување на Светската атлетика (СА). Г.И.
































