ЕУ треба да изврши притисок врз Софија во однос на приговорите за прием на Македонија во Унијата, а со тоа и на Албанија, истакна професорот Чарлс Купчан, постар соработник во Советот за меѓународни односи во Вашингтон, во интервју за МИА, охрабрувајќи ја администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да продолжи со истакнување на ваквиот став.

Професорот смета дека Бугарија и останатите влади во регионот треба да се посветат на демократските реформи и борбата со корупцијата, со цел да се решат недоразбирањата со Софија, односно за Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ.

Тој упати и порака за владите во регионот да престанат со „националистичките игри“.

– Ги охрабрвам сите влади во регионот, вклучително и онаа на Бугарија, да престанат да играат историски и националистички игри, и да започнат со тешката работа за демократски развој и домашни реформи – порача Купчан.