Фото: Макфакс

Полицијата почна да дозволува и граѓани кои не се пријавиле да се поклонат на гробот на Гоце Делчев.

Барикадите на надвозникот кај Кале остануваат и контролниот пункт мора да го поминат сите кои одат кон црквата „Св. Спас“. Полицијата не дозволува групирање, при што најмногу по тројца луѓе се пропуштаат и кон црквата.

Во долга редица на влезот на црквата Св. Спас, граѓаните мирно чекаат да стигнат на ред да се поклонат.

Дел од нив се имаат знамиња Вергина, а многумина носат и транспаренти на кои пишува „Гоце е Македонија“, „Смрт или слобода“ и слично.

Метеж има и на сите полициски пунктови околу црквата Св. Спас каде граѓаните во големи групи мора да поминат полициска контрола.