Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони
Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 151-та годишнина
од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред спомен-куќата на
македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското
револуционерно националноослободително движење. Во чест на денешниот ден,
почит одадоа и претставници на Сојузот на борци, политичките партии и други
граѓански организации од Битола.

-Гоце Делчев, високо издигнувајќи го неговиот интернационален и космополитски поглед, преку неговата борба, идеали и пораки и денес ни дава поука, но и нѐ обврзува на нашата голема должност да се грижиме за нашите вредности, да ги почитуваме традициите, да не дозволиме поделби и да го сочуваме македонското национално ткиво на достоинствен начин – истакна Коњановски. М.М.