Фото : Маја Јаневска Илиева

Отворени се шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Тетово и Струмица, покрај оние во Битола, кои функционираат од 6 ноември. На шалтерите во трите града, клиентите кои немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и согласно утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица, на почетокот на работниот ден било забележано краткотрајно доцнење поради логистичка организација, но исплатата продолжила според предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во наредните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Од оваа недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката. Лимитот од досегашните 10.000 денари се зголемува на 15.000 денари.

Народната банка информира дека континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките согласно развојот на околностите.

Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.