Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потенцира дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара.

– Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција и како работи Министерството за здравство. За сѐ друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. А, јас нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред сѐ, како лекар, како министер и како човек не би сакал да верувам дека некој се осмелил да направи вакви злоупотреби. Ние како Министерство, сите служби, сите сознанија што ги имавме, навистина 24/7 сме отворени за сите истражни органи, сѐ што имаме информација да споделиме – рече Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија „Телма“.

Како што информира Министерството за здравство, во однос на ревизорскиот извештај за магнетна резонанца, Меџити инстакнал дека веднаш се преземени мерки и е постапено брзо и квалитетно.

Тој изјави дека проектот за централизација на Клиниката за радиологија е во финална фаза, а целта е, како што се наведува, пациентите да добијат подобри услови за лекување и третирање.