Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд нè очекува денеска низ земјава. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 19 степени.
Променливото облачно време со повремени локални врнежи од дожд ќе продолжи и во наредните денови. Под влијание на јужно воздушно струење, до петок ќе се задржи релативно топло време, со температури над вообичаениот просек за овој период од годината.
Метеоролозите најавуваат и умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Од сабота се очекува пад на температурите.
































