Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за внатрешни работи (МВР) в сабота (6 април) во периодот од 8 до 15 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта, ниту пасош.

– Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори – се наведува во денешното соопштение од МВР.