Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО, Метју Г. Витакер, на која се разговараше за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата.
Во фокусот на разговорите биле и актуелните безбедносни предизвици, како и заедничките приоритети за унапредување на регионалната и глобалната стабилност.
– Ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани – напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Средбата е дел од пошироките напори за продлабочување на сојузништвото меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, особено во областа на безбедноста и одбраната.
































