Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Локално се очекува нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, во одделни делови од котлината ќе има повремен дожд, со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 8 до 14 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо и нестабилно време под влијание на влажна воздушна маса. До среда се очекуваат врнежи од дожд и грмежи, а локално и поинтензивни процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд и силен ветер, особено во западните и јужните делови каде врнежите може да надминат 30 литри на метар квадратен.
Температурите ќе бидат во опаѓање, а во четврток и петок утринските вредности на места ќе паднат под нулата. Ќе дува засилен северен ветер, кој повремено ќе биде и силен.


































