Министерство за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие на територијата на Македонија се лишени од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило.
Од нив, осум возачи управувале без возачка дозвола, по двајца биле затекнати како возат под дејство на алкохол и со значително надминување на дозволената брзина, додека по еден возач управувал со активна забрана и во спротивна насока.
Според податоците на МВР, четири случаи се регистрирани во Скопје, два во Гостивар, а по еден во Тетово и Битола за возење без дозвола. Дополнително, по еден возач во Тетово и Куманово биле фатени со екстремно висока брзина, додека во Тетово и Струмица биле санкционирани возачи под дејство на алкохол.
Во Ресен е евидентиран случај на возење со активна забрана, а во Велес возач управувал во спротивна насока.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без дозвола, под дејство на алкохол или во услови на изречена забрана, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
































