Министерство за внатрешни работи (МВР) информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани четири случаи на семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода.
Во еден од случаите, 47-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека нејзиниот партнер физички ја нападнал неа и нејзиното куче во нивниот дом во скопската општина Центар. Според пријавата, тој упатувал закани кон неа и нејзиниот син, а потоа ѝ побарал пари, кои таа му ги дала од страв.
Во вториот случај, полицијата од СВР Велес привела 33-годишна жена од Велес, која физички го нападнала својот сопруг. Подоцна таа, управувајќи возило, учествувала во сообраќајна незгода на улицата „Благој Ѓорев“. По извршените проверки било утврдено дека била под дејство на алкохол, со измерени 1,95 промили во крвта. Таа се здобила со повреди и била задржана во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител.
Случај на семејно насилство бил пријавен и во ОВР Крива Паланка, каде 50-годишна жена пријавила физички напад од сопругот, кој употребил и тврд предмет.
Во уште еден инцидент, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 34-годишен маж од селото Романовце, поради тоа што подолг период ја следел и вознемирувал својата поранешна партнерка.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и најавија соодветни пријави против сторителите.
































