Илустрација/Фото: МИА

Вчера попладне, во 15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на надвозникот за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот, 80-годишната Р.И. од Скопје, и возачот го напуштил местото, извести МВР.

„Од добиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош“, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.