Фото: Пекселс

Обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда за кривично дело насилство врз дете.

Како што се наведува во соопштението, на 1 септември минатата година обвинетата извршила физичко насилство врз дете оставено на грижа и чување во објектот.

Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата нанесувајќи му нагмечно-расцепна рана на темето.​