Фото: Макфакс

Патнички автобус попладнево удри во автомобил „голф“, спроти трговскиот центар „Мавровка“, во правец кон стоковна куќа „Мост“, објавува „Макфакс“.

Се утврдува како автомобилот кој е со кумановска регистрација, се извртел, за автобусот да удри во него од страната на возачот.

Случајот е пријавен во полицијата, од каде се излезени увидни екипи. Од под хаубата на „голфот“, на асфалтот имаше истечено и течност. Додека се чекаше увидна екипа, местото не беше соодветно обележано.

Од МВР за „Макфакс“ велат дека во оваа несреќа засега нема пријавено повредени лица.