Едно лице е убиено во пукотници кои денеска попладне се случиле во скопското село Рашче.

Пукано е од џип во движење со бугарски регистерски таблички. Од МВР сè уште нема официјална потврда за овој случај.

Убиството се случило на влезот на селото, мотивите не се познати. Неофицијално, станува збор за крвна одмазда.