Фото: Илустрација

Во скопската полиција вчера околу 21.30 часот бил пријавен инцидент кој се случил во угостителски објект во скопското село Батинци.

Според пријавата, додека седел во објектот, С.Ф.(24) од Батинци бил погоден од заталкан куршум.

Тој бил пренесен во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а полицијата работи на расчистување на случајот.