Единицата за насилен криминал при скопската полиција поднесе кривична пријава за двајца албански државјани на возраст од 22 и 27 години осомничени за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста.

Како што информираат од МВР, на 6 јануари годинава, при вршење рутинска контрола во затворот „Идризово“, полициски службеници биле физички нападнати од пријавените.