Синоќа во 23,35 часот во полициската станица за граничен премин „Табановце“ било пријавено дека на излез од Република Северна Македонија, во товарен воз кој сообраќал на релација Република Грција-Република Унгарија има оштетување на пломби на шест вагони  натоварени со  девет контејнери. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.