Сите 22-ца обвинети за предметот „Змиско око 2“, од кои за две лица се водеше раздвоена постапка, се ослободени од вина за злоупотреба на службената положба, додека за преостанатите обвинети за злосторничко здружување, судот донесе одбивателна пресуда заради настаната апсолутна застареност.

Кривичниот суд ја објави пресудата денеска по дадените завршни зборови од јавниот обвинител и прецизирање на обвинителниот акт како и завршни зборови на обвинетите и нивните бранители.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.