Вчера била пронајдена неексплодирана граната на автопатот во изградба Кичево-Охирд, информираат од МВР.

Од таму објаснуваат дека на 13 април во 12.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на населбата Иванидол, пронајдена е неексплодирана граната.

Од извршениот увид било констатирано дека се работи за минофрлачка мина од 60 милиметри без запалка, која, по преземени сигурносни мерки од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, безбедно е подигната, известуваат надлежните институции.