И во изминатото деноноќие со несмален интензитет продолжија активностите за гаснење и превенирање на пожарите на целата територија на Македонија од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи каде што беа ангажирани околу 616 полициски службеници, 224 мото-патроли и 189 возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од оваа институција информираат и дека полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и граничната полиција учествувале и во спасувачката акција над село Разловци – Врв Чокалица на 1400 метри надморска височина.

– Граѓаните не се сами сите сме со нив – велат од МВР.