Синоќа околу два часот по полноќ од страна на Итната медицинска помош во скопската полиција бил пријавен несекојдневен инцидет.

Според пријавата, екипа на брзата помош била физички нападната на улицата Втора македонска бригада.

Имено, екипата отишла на местото на повик во врска со лице во бессознание, па додека му била укажувана помош, лицето се освестило и физички нападнало еден од лекарите.

По ова, полицијата излегла на месотото на настанот на и преземала мерки за обезбедување на 57-годишниот С.Л. од Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.