Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишна жена од Богданци, поради сомнение дека сторила кривични дела „затајување“ и „послужување“.

Како што информираат од МВР, во периодот од 2017 до 2019 година жителката на Богданци, како вработена во гевгелиска фирма во својство на финансов книговодител, искористувајки ист траен однос и исти прилики, противправно присвоила пари кои ѝ биле доверени во врска со нејзината работа од страна на 10 фирми, со вкупен износ од 2.920.037 денари.

Исто така, во овој период, пријавената неовластено се послужила или ги дала на послуга на друг парите кои ѝ биле доверени од страна на овие фирми.