Приведен е 38-годишен дилер од Влае, откако полициски службеници вчера го сопреле неговото возило во скопската населба.

– При извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со синтетичка дрога амфетамин. При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање на дроги, во внатрешноста на шал таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба – информираат од МВР.

Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до скопското Обвинителство.