Неексплодирана граната од 75 мм од Првата светска војна била пронајдена вчера при ископ во дворно место на ул.„Цветан Димов” во Битола.

Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка. Увид бил извршен.