Димитар Апасиев

Претседателот на Левица – Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, денеска поднесоа кривичната пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се заканувале нему и на членовите на неговото поблиско семејство.

– Кривичната пријава е поднесена поради сомневање за сторено тешко кривично дело: „Ширење на расисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“ – објаснуваат од Левица.

Од таму порачуваат дека очекуваат ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен бил Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија.