Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на премиерот во заминување, Зоран Заев, му подари слика во знак на благодарност.

– Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Да се заблагоадарм што не кажавте не за барањето за било која инвестиција во здравството. И да се заблагодарам што успеавме со ваша помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општетсво – рече Филипче обраќајќи се кон Заев.

Сликата беше врачена во Националната опера и балет, а во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-центрите.