Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска, на прагот од 2022 година, на македонската јавност ѝ подготвија вистинско празнично музичко изненадување.
Новата изведба на познатата „Santa Claus is coming to town“, во оригинална а капела преработка, е дел од новогодишниот проект на „Сара Мејс и Божиќните девојки“, насловен „A Cappella Christmas Carols“.
Аранжманот е на Теа Богатинова, песната е снимена во студиото „Алшар“, а видеозаписот е снимен за време на снимањето на албумот, кој има вкупно осум песни. Сите ќе ѝ бидат претставени на публиката до крајот на оваа година и дополнително ќе им ги разубават празниците на сите генерации.