Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид-19: Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1 лице.

За споредба вчера имаше шестмина починати и 242 нови случаи, а завчера 246 случаи и тројца починати.

Денеска е регистриран 331 оздравен пациент од: Скопје – 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово – по 1 лице.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 лица од Охрид (68г и 79г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 20.1.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 100.317, активни 3.135
Куманово 13.187, активни 109
Тетово 11.454, активни 64
Прилеп 10.944, активни 346
Битола 9.484, активни 419
Гостивар 8.098, активни 24
Велес 7.569, активни 130
Кавадарци 7.534, активни 212
Охрид 6.910, активни 256
Штип 6.796, активни 83
Струмица 6.360, активни 150
Кичево 4.354, активни 73
Кочани 4.133, активни 48
Струга 3.959, активни 39
Гевгелија 3.002, активни 116
Неготино 2.663, активни 47
Свети Николе 2.161, активни 20
Крива Паланка 1.978, активни 36
Ресен 1.916, активни 98
Радовиш 1.834, активни 43
Берово 1.484, активни 11
Делчево 1.481, активни 34
Дебар 1.459, активни 1
Виница 1.180, активни 2
Пробиштип 1.145, активни 6
Валандово 1.061, активни 56
Кратово 791, активни 3
Богданци 698, активни 31
Демир Хисар 651, активни 17
Крушево 610, активни 12
Македонски Брод 549, активни 31
Демир Капија 439, активни 6
Македонска Каменица 430, активни 6
Пехчево 359, активни 0
Дојран 178, активни 3