Фото: Приватна архива

Не е никаква сензација што почнаа да се јавуваат комбинирани инфекции на грип и корона, коментира проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог. Комбинираната инфекција ја нарекоа флурона.

Што е флурона, од што зависи и колку може да е опасна

Првиот познат случај во светот на едно лице истовремено заразено со ковид-19 и грип е забележан во Израел на 31 декември 2021.

Зошто тоа се случува?

– Вирусот на грипот беше потиснат со општите мерки против ковидот. Со нивното релаксирање, тој си ја искористува шансата да крене глава! И сега имаме ситуација, во услови кога омикронот напредува – и грипот да ја бара својата шанса. Особено што во последните две години, стапката на вакцинација за грип драстично опадна. И тоа сега се одмаздува. Отсега натаму, очигледно ќе бидеме сведоци на чести двојни инфекции – ковид со инфлуенца (грип)! Тоа дефинитивно нема да биде проблем за здрави, млади поединци. Но, ќе биде проблем за ризичните групи – вели професорoт.

Како да се разликуваат вирусите?

Тој потенцира дека тоа е уште една потврда на потребата ризичните групи да бидат вакцинирани двојно – против грипот, но и против ковид-19.
-Тоа се постарите од 65 години, оние со хронични болести и трудниците – вели проф. д-р Даниловски.