Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот омикрон на коронавирус.

Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на ковид-19, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.

Од вкупниот број тестирани, кај деветмина пациенти, детектирана е варијантата омикрон, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци.

Осуммина позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.