Фото: ОК Газели волеј

Во дерби натпреварот од четвртото коло на Првата лига жени, екипата на Наковски волеј во СЦ „Форца“ во Скопје по голема борба во пет сета успеа да го совлада тимот на Газели Волеј со 3-2 во сетови (22-25, 25-19, 19-25, 25-21, 15-9).

Со оваа победа струмичанки остануваат единствената непоразена по четири одиграни, а „газелите“ го доживеаја првиот пораз.

-Беше тоа натпревар во кој што игравме премногу променливо за да се надеваме на подобар резултат. Со 35 грешки и нестабилен прием, не успеавме да го затвориме натпреварот како што посакувавме. Водевме и 1:0, и 2:1, но неизнудените грешки денес и одличната одбрана во поле на противникот беа клучни за финалниот исход на натпреварот. Сезоната е долга, наше е да продолжиме да се воигруваме. Ѝ благодариме на нашата верна и коректна публика, одиме понатаму! – изјавија од поразената екипа веднаш по натпреварот.

Беше тоа натпревар со многу пресврти, во којшто екипите се менуваа во водство, а девојките на Наковски блеснаа во четвртиот сет, па иако имаа резултатски минус, ги добија двата преостанати сета и на крајот заслужено славеа.

Домашната екипа и покрај поразот останува при врвот, веднаш зад вечерашниот победник.

 

 

 

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 4. КОЛО

 

Работнички Скопје – Пелистер Волеј 3-0 (25-16, 25-18, 25-19)

Јанта Волеј КВ – Фит Фан Волеј 3:1 (29-31, 25:18, 25:22, 25:16)

Газели Волеј – Наковски Волеј 2-3 (25-22, 19:25, 25:19, 21:25, 9:15)

Младост УГД – ЖОК Вардар ЕМ 3-1 (26-24, 25-17, 20-25, 25-20)