Македонскиот народен театар на 27 ноември, со почеток во 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Црно злато“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Слободан Унковски. Претпремиерната изведба е закажана за 26 ноември. Во актерската екипа играат: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.
Авторскиот тим го сочинуваат: сценографот Бранко Хојник, костимографот Александар Ношпал и композиторот Златко Ориѓански. Асистентка на режисерот е Звездана Ангеловска, асистент на сценографот е Мартин Манев, а асистент на костимографот Никола Булески. Извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен, организатор е Тадеа Павловска, инспициент Александар Рајковски, а суфлер Мирослав Атанасовски.
Дизајнот на плакатот и програмскиот каталог е реализиран со креативна поддршка на партнерите „Паблисис груп“. Македонскиот народен театар им упатува благодарност за професионалниот ангажман и соработка. По премиерата, претставата ќе биде на репертоарот на МНТ и на 1, 4 и 29 декември, со почеток во 20 часот.
































