Како прв човек на градот и претседател на општинскиoт кризен штаб, сум против во Штип да се воведе карантин, вели градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Тој соопшти дека на денешниот состанок на кризниот штаб препорачал, градот да остане на мерката за затварање на петте текстилни фабрики и околу 500 работници да бидат во домашна изолација, па тогаш да се носат нови одлуки.

Градоначалникот појасни дека од утре започнува пошироко тестирање за Ковид-19 на вработените од овие пет конфекции, кои задолжително ќе останат во самоизолација.

Бочварски повика на одговорност и дисциплина до граѓаните, за, како што реле, да не се доведе градот во состојба која ќе води кон затварање и врќање на полицискиот час.

– Новозаразените се како резултат на контактите што ги оствариле со заболените, но и при траспорт во автобускиот превоз кој го користеле да стигнат на работа. Затоа ја подржувам одлуката за затворање на текстилните фабрики која важи до 7 јуни и да почекаме да видиме дали мерката ќе даде резултати. На денешниот состанок на општинскиот кризен штаб, стана збор и за евентуално воведување на карантин во градот, но, јас реков, дека сум против рестриктивни мерки и враќање на полицискиот час, затоа што така ќе застане работата на транспортните и на другите компани воопшто. Сакам да додадам дека се врши секојдневна дезинфекција на градот, а сите општински институции во Штип се на располагање во борбата против коронавирусот. Ги повикувам граѓаните да бидат дисциплинирани, за да се избориме со овој нов бран – изјави Бочварски.

Според информаиците од Центар за јавно здравје Штип, од 27 нови случаи, 25 се текстилни рабоници од кои 23 се од една фабрика, а останатите двајца се од две други фабрики. Од вкупно 89 новозаразени во последните 24 часа, најголем број од нив беа од Скопје (35) и Штип (27).