Која вакцина ќе дојде, таа ќе ја примам. Верувам во сите вакцини, кажа премиерот Зоран Заев по примањето на новата донација вакцини „спутник 5“ од Србија, додавајќи дека ниту еден министер досега не примил вакцина против ковид-19. Тој истакна дека ќе чека да му дојде редот за вакцинација, исто како и министрите, согласно националниот план за имунизација на населението.

– Која вакцина ќе дојде, таа ќе ја примам. Верувам во сите вакцини. Јас, моето семејство, колегите од Владата, ќе ја примиме таа вакцина што ќе ја има, кога ние ќе дојдеме на ред – рече Заев.