Прашање кое се актуелизира со вакцинацијата

Сега кога десетици милиони Американци се вакцинирани против ковид-19, многумина се прашуваат – дали имам доволно антинела кои ќе ме штитат, пишува „Њујорк тајмс“. За мнозинството луѓе одговорот е потврден, но ова не одврати многумина од купувањето на тестови за антитела. Широкиот спектар на тестови, можноста да бидат направени пребрзо или пак да се избере оној што не ги бара специфичните антитела, можат да доведат до погрешни заклучоци.

Научниците, всушност, претпочитаат, вакцинираните лица да не прават тестови за антитела, бидејќи сметаат дека тоа е непотребно. Клиничките тестирања на вакцините одобрени во САД покажале силен имунолошки одговор кај речиси сите учесници.

– Повеќето луѓе не треба да се грижат за ова – вели Акико Ивасаки, имунолог на универзитетот „Јејл“, додавајќи дека е значително и да се избере вистинскиот тест за антитела, ако воопшто се прави.

Тестовите за антитела можат да бидат од важност за луѓето со слаб имунолошки систем или за они кои примаат одредени лекарства, што претставува широка категорија во која спаѓаат луѓето кои примиле донирани органи, заболените од одредени видови рак и оние што земаат стероиди или други средства што го сузбиваат имунолошкиот систем. Доказите сугерираат оти значителен дел од овие луѓе не создаваат доволен број на антитела како резултат на вакцинацијата, пишува американскиот весник.

Во мај американската Агенција за храна и лекови се изјасни против користењето на тестирањата за антитела, што пак, доведе до критики од дел од научната заедница. Исто така, се наведува дека е важно да се почекаат барем две недели од втората доза на вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“, пред воопшто да се прави тестирање.