Британскиот премиер, Борис Џонсон, предупреди дека ширењето на новиот вид коронавирус значи дека претстојат тешки времиња. Тој ја нагласил потребата од контрола на ширењето на новиот вирус.

– Знам дека беше многу, многу тешко за време на последните неколку недели и морам да им кажам на луѓето дека и натаму ќе биде тешко, особено поради брзината со која се шири новиот вид вирус – рекол Џонсон на прес-конференција.