Бројот на починати од ковид-19 во светот се искачи на 11.400 лица. Од Светската здравствена организација ги предупредија младите дека „не се непобедливи“.

– Денеска имам порака до младите: не сте непобедливи. Вирусот може да ве остави во болница со недели, па дури и да ве убие – порача генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус