Во САД 1.083 лица починаа како последица на ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на инфекција. Податоците објавени на „Worldometer“ покажуваат дека вкупниот број на заразени во таа земја се искачи на 12.783.723, додека вкупно 263.812 лица ја загубија борбата против ковид-19.

Излечени се повеќе од 7.553.000 луѓе кај кои претходно било потврдено присуство на коронавирус, а биле тестирани над 182.000.000 примероци. Најголем број на заразени лица е забележан во сојузната држава Тексас, каде се потврдени повеќе од 1.191.608 случаи на коронавирус. По нив следуваат Калифорнија (повеќе од 1.133.000) и Флорида (повеќе од 944.000).

Најголем број на смртни случаи биле регистрирани во Њујорк, каде 34.276 лица ја изгубиле битката со ковид-19. Повеќе од 640 000 луѓе биле позитивни на коронавирус. По САД, следат Индија (повеќе од 9.193.000 заразени) и Бразил (над 6.088.000 заразени) по бројот на случаи со ковид-19.