Држави и приватни добротворни организации се обврзаа да му дадат повеќе од 500 милиони долари на Парискиот мировен форум со цел да се поттикне истражувањето на коронавирусот, соопштија организаторите на настанот.

Форумот, кој ги собира шефовите на држави и влади со граѓански организации и добротворни организации еднаш годишно, рече дека финансирањето ќе се обезбеди преку учесници во иницијативата „АКТ-акцелератор“, програма создадена да обезбеди глобален пристап до тестови, лекување и вакцина против ковид-19.

Иницијативата беше поднесена и поддржана од Светската здравствена организација, Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, „Велкост труст“, Европската Унија, Франција, Германија и други земји и организации.

Франција и Шпанија ќе одвојат 100 милиони, односно по 50 милиони евра, а британската влада ќе додаде една британска фунта за секои четири најавени долари, соопштија организаторите.

Други 100 милиони евра ќе бидат обезбедени од Европската комисија, а исто така се очекува Фондацијата „Гејтс“ да објави поголем финансиски придонес за време на дебатата.

„АКТ-акцелератор“ беше поведена во април за да се забрза истражувањето на новата болест.