Помина речиси една година откако 30 лица загинаа во разорните шумски пожари во Австралија, а популацијата на дивиот свет беше десеткувана. Островот Кенгуру во Јужна Австралија, познат по својот биодиверзитет беше тешко погоден од пожари. Во пожарите особено беа загрозени коалите, пренесува Би-би-си. Сликите на повредените коали ги допреа срцата на луѓето ширум светот.

Но по повеќемесечна нега, грижа и љубов, некои од нив конечно се враќаат во дивината. Од околу 50.000 коали колку што се претпоставува дека живееле таму пред пожарите сега се стравува дека останале само 5.000.