Француската авиокомпанија „Ер Франс“ од понеделник ќе ја проверува температурата на патниците и ќе бара од нив да носат заштитни маски во текот на летото.

Според најавата на авиокомпанијата, луѓето со температура повисока од 38 Целзиусови степени нема да можат да се качат во авионот.