Бројот на заразени со новиот коронавирус во Шпанија за еден ден се зголеми за 2.000 лица, а во последните 24 часа починаа околу 100 луѓе.

Како што соопшти шпанското Министерство за здравство, досега заболени се вкупно 7.753 луѓе, а починале 291 лице.

Шпанската Влада денеска донесе одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на цела земја во период од 15 дена, со можност за продолжување.