Вчера напладне С.К.(38) од Скопје пријавил дека во подземен простор на здравствена установа на булеварот „Втора македонска бригада“ во Скопје, пронашол починато лице.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител пронајденото тело е предадено за обдукција во Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје.