Фото: МИА

Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР за МИА.

Дојави за бомби, според сознанија на МИА, има во основното училиште „Александар Македонски“ и во „Лазо Ангеловски“ на територија на Општина Аеродром.

Дојава, според информација од родители, имало и во скопското основно училиште „Киро Глигоров“.

Дојава за поставена бомба утрово има и во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители.

– Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани – изјави за МИА директорката на училиштето Јасмина Спасовска.

Учениците и вработените во скопските гимназии „Ѓeорги Димитров“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ се надвор од училишните објекти откако беа повикани да се евакуираат бидејќи на службените мејлови на училиштата пристигнале закани за поставени експлозивни направи. Евакуација е извршена и во неколку други средни училишта во Скопје.

Освен во средни и основни училишта, анонимни дојави за поставени бомби nа почетокот на неделава имаше и во институции и трговски центри.