Фото: Евгениј Пригожин/твитер

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вчера ги обвини руските сили дека се обиделе да ги кренат во воздух неговите луѓе.

Војниците на „Вагнер“ се повлекоа од градот Бахмут, кој го зазедоа минатиот месец откако претрпеа големи загуби и им го предадоа градот на руските сили.

Пригожин на социјалната мрежа „Телеграм“ тврдеше дека неговите луѓе откриле десетина локации во позадина со експлозивни направи, меѓу кои и стотици противтенковски мини, а за тоа ги обвини претставниците на руското Министерство за одбрана.

– Не беше неопходно да се постават овие уреди за да се одвлече вниманието на непријателот, бидејќи оваа област е во задната зона. Затоа, можеме да претпоставиме дека тие уреди биле наменети да се сретнат со напредните единици на „Вагнер“ – рече Пригожин.

Шефот на Вагнер рече дека нема извештаи за експлозии, ниту дека некој е повреден, додавајќи дека можно е да се работи за „обид за јавно камшикување“.

Пригожин, кој претходно се пожали дека неговите луѓе не добиле доволно муниција за да го нападнат Бахмут, во средата рече дека побарал од руските обвинители да истражат дали високи функционери на руската одбрана извршиле „злосторство“ пред или за време на војната во Украина.