Фото: Ангус Лапсли/твитер

Помошникот генерален секретар на НАТО, Ангус Лапсли ја повика Кина, како глобална сила, да биде потранспарентна кога станува збор за складирањето нуклеарно оружје.

На безбедносната конференција Шангри-Ла во Сингапур, тој рече дека НАТО е подготвен да разговара со Пекинг за ова прашање, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

– Како глобална сила, Кина има одговорност да биде потранспарентна – рече Лапсли, додавајќи дека обемот и темпото на подемот на Кина е „запрепастувачки“.

Тој нагласи дека Алијансата не сака да се меша во регионот, но дека сака да се ангажира, истакнувајќи дека Кина има право да го модернизира и прошири својот арсенал.

– НАТО е отворен за дијалог, но не може да го промени дијалогот меѓу САД и Кина –  рече Лапсли.

Во годишниот извештај на Пентагон за Кина, објавен во ноември 2022 година, се вели дека Пекинг ја забрзал својата експанзија во 2021 година и сега има повеќе од 400 оперативни нуклеарни боеви глави, сè уште далеку под американскиот и рускиот арсенал.

До 2035 година Кина најверојатно ќе има 1.500 нуклеарни боеви глави, предупреди Пентагон.